Тој институт на Зијад Беќировиќ излегува со “стратегија“ дека „Рекет“ во Македонија и не е рекет, туку шпионски план на Русите како да го наместат Заев и неговата влада, да го симнат од власт и да оневозможат Македонија да влезе во НАТО. Нормално, за Зијад Беќировиќ, Мицкоски и опозицијата се луѓето на Путин кои треба да извршат таков преврат, а Заев е добриот Американец кој за малку ќе бил нивна жртва. Оваа стратегија Заев и владата им ја платиле, и сега ја шират како спасоносна мантра. Лечење на тешка болест со баење и магии.

Ова е дел од најновата колумна на новинарот Драган Павловиќ Латас.

-Заев има склоност да се дружи со измамници, пробисвети, криминалци, битанги и општествен олош. Сетете се уште од опозиција за неговите дружби со фалсификаторот на пасоши и документи Захир Бектеши Чауш, дружбата со дилерите од Арачиново и Грчец кои му работат за избори. Од сите бизниси на светов Заев се фати за марихуана, дрога по дефиниција, а планира да работи со Биг Мајк, лик кој е под присмотра во барем десет држави за дилување и перење пари. Советници му станаа Љубе Бошкоски, осуден за земање 100.000 евра од Грци за финансирање политичка кампања. Тука е и советникот Зоран Башановиќ со долго досие, фатен помеѓу останатото како крадел по дуќани во Америка. Година дена муабетеше со лажниот Порошенко со кој планираа давање мито од 100.000 евра за купување признание за МПЦ… Ни овој советник, “стратегот“ Зијад Беќировиќ не е ништо подобар од тоа друштво, пишува Латас.

Новинарот потсетува дека Зијад, по нарачка на Заев, ја прогласи Катица Јанева за најдобар обвинител на Балканот.

-Претходно, преку Зијад, Заев беше прогласен за најдобар градоначалник на Балканот кој, во еден момент, се воздигна до таму што за себе тврдеше дека ќе биде кандидат на Нобелова награда. Кога ќе споиш два такви лика, чудата се прашање на денот.   Инаку, Зијад, Зијо Беќировиќ не е Словенец. Тој е Босанец од Брчко. Пријател и соработник на Драган Пајиќ, порнешен градоначалник на Брчко кој, како Заев и Катица, Зијад и него го прогласил за најдобар градоначалник во Босна. Терал бизниси со него од парите на бившата жена, а потоа градоначалникот Пајиќ го апсат за корупција во полициската акција Бинго и заедно со дипломата за најдобар градоначалник на Босна оди во затвор, по што Зијо бега за Словенија, на сигурно. Многу слично со ова денес во Македонија, па оттаму има Зијо што да го советува Заев и каде да најдат сличности. Зијад контактира со многу луѓе, на сите им ја нуди својата “стратегија“ но, малкумина наседнуваат и плаќаат, како што и пранкетите од Русија се обидуваат на многу места со лажно претставување но, малкумина се навлекуваат. Нашиот премиер Заев е еден од тие, малкумината, пишува Латас.