Премиерот Зоран Заев директно не ја осудува Катица Јанева за која има индиции дека е вмешана во тежок криминал со барање и земање на рекет.

Напротив, тој ја брани фалејќи ја дека работела во тешки времиња и покажала храброст во време кога сите шумолеа.

Додека Бојан Јовановски, познат како Боки 13 е првоосомничен и сместен во притвор, Заев вели дека за Јанева треба допрва да се истражи дали е употребена или злоупотребена.

-Етички е нарушен угледот, во најамала рака заради невниманието со кој дружиме, како можеме да бидеме злоупотребени, како можеме да бидеме употребени. Гледате дека јас буквално бев насанкан од пранкери, лажни претседатели или високи функционери… За мене никој не е виновен додека тоа не се докаже. Можете да обвините било кој, а потоа да испадне дека тоа е злоупотребен. Истрагата тоа ќе го покаже. Зошто е земен телефонот? Логично, јас тоа што го чувствувам е дека суштината на обвинението потекнува од тука, дека е користена шефицата на СЈО во уцената, изнудување на пари, земање пари или слично. Треба да проверат дали е така и за самиот случај воден од истрагата. Но, не е мое јас да коментирам, истрагата треба да ги покаже наодите, истакна Заев.

Тој недвосмислено кажа дека стои зад Катица Јанева.

-Додека не се докаже дека таа е инволвирана во криминал, секако дека стојам зад неа како личност, посочи Заев.