Премиерот Зоран Заев вечерва е гостин во ТВ Клан.

Во интервјуто изјави дека еден од руските пранкери му пишал порака откако тој имаше прес-конференција за тоа што „наседна“ на нивните шеги.

Заев смета дека македонските граѓани имаат горко чувство поради овој скандал, каде лично тој беше измамен.

-Горко е чувството кај граѓаните затоа што нивниот премиер е вака насанкан. Јас многу жалам заради тоа. И кај мене е горко чувството. Но, секако учиме да бидеме повнимателни и да не се повтори, рече Заев.